Индивидуалните сесии кои ги посетував кај Снежана Билко многу ми помогнаа во еден за мене лош период од мојот живот. Снежана како мој животен тренер и ментор има прекрасен топол и пријателски однос и со нејзиното делување и посетувајќи ја оваа програма се ослободив од теретот кој го носев. Ми покажа и ми укажа на многу нешта во мојот живот каде што грешев, ми помогна да ја развијам љубовта во себе која ја имав изгубено долги години наназад. Се чувствував пријатно на сите сесии и со големо задоволство ги препорачувам на сите кои имаат потреба и помош од личен животен тренер.
Весна Р.