Дводневен тренинг за говорништво и јавен настап

Овој дводневен тренинг за говорништво и јавен настап е интензивен тренинг кој ќе им помогне на сите потенцијални учесници да се ослободат од тремата и стравот од јавен настап.
Умешноста на добриот говор е еден од најважните сегменти во вашиот деловен живот.
Целокупната програма за дводневниот тренинг вклучува голем број вежби и техники со кои секој учесник ќе се стекне со поголемо знаење и ќе се ослободи од ограничувањата кои го кочат како би можел успешно себеси да се претстави преку јавен настап.
На овој тренинг се посветува особено внимание на секој учесник поединечно и се работи на градење и зголемување на самодоверба која е клучна при јавниот настап.
Јавниот настап умее да биде многу стресен за голем број на луѓе на кои секојдневно нивната работа им е поврзана со јавни настапи, јавна комуникација, настапи на медиуми или пред поголем број на аудиториум.
Не дозволувајте да изгледате несигурно во вашиот јавен настап, бидете сигурни во себеси и во своето излагање, делувајте професионално и со висока самодоверба пред публиката.
Мал дел од темите кои ги вклучува овој дводневен тренинг се:
– Елиминирање на страв пред и за време на јавниот настап
– Ослободување од трема пред и за време на јавниот настап
– Презентациски вештини
– Вербална и невербална комуникација
– Говор на телото
– Комуникациски вештини
– Однос пред публика
– Различни вежби за говор
За резервација и пријава на учество пишете на: contact@snezanabilko.mk или јавете се на: +389 71 365 054

Сподели искуство

Станете и вие дел од тренинзите!