Пакет индивидуални сесии
Индивидуалните сесии по програмата ,,Трансформирај се и спознај се себеси,, се наменети за сите оние кои имаат потреба од советување, консултации и водење во целокупниот процес на нивниот личен раст и развој. Постојат голем број луѓе кои повеќе сакаат да работат на сопствениот личен раст и развој индивидуално, а не во група со повеќе учесници. Токму за оваа категорија на луѓе се достапни и се наменети овие индивидуални сесии кои ќе им помогнат да се надградат себеси и својата индивидуа, како и да направат промени кон подoбро на нивната индивидуа и во нивниот сопствен живот.
Овие индивидуални сесии ќе помогнат на сите оние кои имаат потреба и посакуваат промена кон подобро на нивната сопствена реалност која ја живеат. Сесиите се во траење од 90 минути и се одвиваат два пати неделно во термини однапред договорени со учесниците.
За сите оние кои не живеат во Македонија, а сакаат да се вклучат на оваа програма, овие индивидуални сесии се одвиваат и онлајн, два пати неделно во траење од 60минути.
Целта и мисијата на индивидуалните сесии по програмата ,,Трансформирај се и спознај се себеси,, е секој учесник да се спознае себеси и да направи трансформација на сопствената личност кон подобро. Да се ослободи од ограничувањата кои долго време ги живее, да го надмине стравот кој не му овозможува никаков напредок во својот живот. Преку овие сесии се делува позитивно и мотивирачки на самиот учесник кој ќе донесе одлука и кој ќе се вклучи на оваа програма за личен раст и развој.
Секој оној кој ќе донесе одлука да се вклучи во програмата и кој ќе го одбере пакетот од вкупно 8 индивидуални сесии ќе добие свој животен тренер и ментор во неговиот секојдневен живот во целокупното времетраење на програмата од еден месец.
Работа на себе
Несекојдневна можност да работите на својот личен раст и развој
Мотивација
Добивате неограничена моќна мотивација за оставрување на вашите цели
Најдобра верзија од себе
Станете најдобрата верзија од себеси и спознајте го вашето духовно јас