Програма за мотивација и постигнување цели ,,Јас можам"
Дводневна мотивациска обука – ,,Јас можам,,
Дводневната мотивациска обука под наслов ,,Јас можам,, е наменета за сите оние кои сакаат да посветат два дена за работа на себе и својот личен раст и развој како и да направат одредени промени кон подобро во својата сопствена реалност.
На оваа дводневна мотивациска обука се работи на развивање на љубовта кон себе, зголемување и развивање на повисока самодоверба. Оваа обука вклучува разновидни техники и методи кои ќе им го подобрат нивното живеење во секојдневието избегнувајќи го и елиминирајќи го стресот како составен дел од нашите животи.
Оваа обука вклучува разновидни вежби за креирање и менување на мислите како и одблокирање на мисловните образци кои не даваат можност да се напушти зоната на комфорот која долго време се живее.
Се работи на поставување на нивните цели – како да го постигнат она кое сакаат да го остварат во нивните животи и како да истраат по патот. Обуката ,,Јас можам,, е моќна интензивна дводневна мотивациска обука каде секој учесник ќе се стекне со знаења и вештини како да стигне до посакуваната цел и како да го манифестира она кое сака да го привлече во неговиот живот.
На оваа обука секој учесник ќе се спознае себеси преку одредени духовни вежби каде ќе работи на будење на својата свест.
Дводневната обука ,,Јас можам,, се одржува два дена во неделата и е во траење од вкупно 6 часа.
Секој учесник се стекнува со сертификат за завршена мотивациска обука под наслов ,,Јас можам,,.
Резервации и пријави за учество можете да испратите на:
contact@snezanabilko.mk или на: +389 71 365 054