“Што си ти“ е мотивациска книга која ќе ве однесе во еден мотивациско творечки свет, свет со многубројни предизвици, искушенија, соочување на различни духовни состојби на радост, љубов, среќа, тага и болка на само една обична човечка душа која опстојува и живее во овој Универзум. Ќе се сретете со душа која чекори по патот на своето себеспознавање, која ја бара и ја пронаоѓа својата мисија и својата цел на своето битисување. 

“Што си ти“ е интерактивна книга која е посветена за сите оние души кои имаат потреба од промени во нивните животи кон подобро, и на оние кои сакаат да работат на својот личен развој, на својот раст и на своето себеспознание. “Што си ти“ е книга која ќе ви покаже како една човечка душа може и умее да се избори со сите стравови, со длабоките падови кои можат да се случат кај секој од нас. Оваа моја прва мотивациска книга е создадена и родена само со една и единствена цел, а таа е да помогне на многумина кои се на крстопат, да помогне на многумина кои не умеат да се справат со своите предизвици и контрасти во својот живот, а воедно и да ги мотивира и инспирира. “Што си ти“ ќе ве натера да навлезете подлабоко во себе, во својата суштина и својата цел на своето битисување. 

Во оваа книга можете да најдете и различни патокази, совети и насоки кои ќе ви помогнат при остварување на се она коешто се до овој момент е само еден ваш голем сон.

Автор: Снежана Билко 

Издавачка куќа: Матица Македонска

Година на издавање: 2017