Обука за Мотивациски Говорници
,,Трансформирај се и спознај се себеси,,

Повеќе за обуката

Обуката ,,Трансформирај се и спознај се себеси,, има за цел да направи трансформација на вашата индивидуа и да направите промени на вашата личност кон подобро. Главната цел и мисија на оваа обука е да се спознаете себеси, да го пронајдете вашиот порив и повик, кои сте вие и што сакате да манифестирате во вашиот живот. Втората цел на оваа обука е да ве научи како да станете мотивација и инспирација на многумина и со целиот ваш потенцијал да работите на поткревање на свеста кај многумина, да помагате и исто така да бидете дел од нечиј туѓ успех.

Мисија и цел на обуката:

Идеата и целта за отпочнување на овие обуки е да се обучи и едуцира кадар од потенцијални кандидати – мажи и жени, кои би работеле како мотивациски говорници и и со самото тоа би допринеле за личниот развој и раст кај пошироката публика. Постои потреба за поголем број на луѓе кои ќе се занимаваат со оваа професија кои со својата работа ќе допринесат за успехот и напредокот на останатите. Главната, основна идеја и мисија на оваа обука е да се работи на личниот раст и развој кај пријавените кандидати со тоа што во текот на обуката работат на себе при што ќе почувствуваат промени кон подобро на нивната личност. Ќе се работи на нивниот сопствен личен раст и развој и на подобрување на нивната индивидуа (личност).

Дел од темите кои ги вклучува оваа обука се:

  • Човекот како енергетско вибрациско битие
  • Будење на вашата свест
  • Како да станете свесен креатор на вашата реалност
  •  Како функционира човекот на ниво на вибрација
  •  Љубов кон себе, што е љубов кон себе 
  •  Работа на вашата самодоверба, зголемување и поткревање на вашата самодоверба
  • Духовни Вежби за смирување на вашиот дух
  •  Закон на привлекување – како функционира
  • Техники и методи според Закон на привлекување 
  • Негативни мисли и како да се ослободите од негативните мисли
  •  Креирање на мисли
  •  Што претставува контрастот, како да се справите со вашите контрасти
  • Работа со вашето внатрешно дете
  • Простување
  • Страв, како да се ослободите од стравот
  • Креирање и менување на убедувањата
  • Промена на парадигми (мисловни стари образци)
  •  За вашата идеална душа партнер
  •  Работа на вашето ЕГО
  • Што е ЕГО и како да се намали вашето ЕГО
  • Што е успех, како да се постигне успех
  • За вашите цели, што е цел
  • Поставување цели
  • Носење на одлука
  • Што е емпатија
  •  Туѓи мислења и вашиот однос кон туѓите мислења
  • Што е зона на комфор и како да ја напуштите
  •  Мотивација
  • Инспирација
  •  Зошто сакате да бидете мотивациски говорник
  • Што значи да бидеш мотивацики говорник
  •  Мотивациски Говорници низ Светот
  • Однос кон клиенти
  • За вашиот личен печат
  • Градење на вашата индивидуа како мотивациски говорник
  • Градење на сопствен имиџ
  • Комуникациски вештини
  • Ораторство
  • Јавен настап
  •  Комуникациски алатки
  •  Продажни вештини
  • Маркетинг стратегија
  • Маркетинг на социјалните медиуми
  •  Вежби за говор и дикција
  • Мотивациски евенти (настани)
  • Однос со публика

Резервации и пријави за учество на обуката

Ова е кратка содржина на мал дел од се она кое ќе биде вклучено на самата обука. Во кратките описи не се наведени сите теми на кои ќе се работи со самите учесници. Темите се одредуваат и дополнително во тек на работењето во зависност од тоа колку учесникот напредува. 

После истекот на сите модули, следи завршен тест и излагање, предавање на одредена тема од страна на учесникот (темата ќе ја утврдиме заедно во договор со секој учесник поединечно).

На крајот од оваа обука секој учесник се стекнува со сертификат за завршена обука за мотивациски говорник.

За сите кои не се од Скопје постои можност за оваа обука да се одвива и онлајн.

Резервации и пријави за учество на обуката на:

contact@snezanabilko.mk или на: +389 71 365 054

Сподели искуство

Станете и вие дел од оваа обука или индивидуална сесија!