Снежана Билко е мотивациски говорник, автор, тренер за личен раст и развој која организира и одржува мотивациско инспиративни семинари, предавања и работилници за личен раст и развој низ Македонија.

Сопственик е на нејзиниот мотивациско-инспиративен YouTube канал под наслов – Snezana Bilko каде со голема љубов споделува мотивациски, инспиративни и едукативни видеа врзани за личниот раст и развој кои имаат за цел да им помогнат на сите оние кои не се во можност да посетат или да бидат дел од нејзините настани и за сите оние кои континуирано сакаат да работат на својот личен раст и развој.

Во нејзиното досегашно работење започнувајќи од 2016-та година има направено голем број на мотивациски работилници, семинари и предавања во повеќе градови низ државата како што се: Скопје, Охрид, Штип, Куманово, Битола.

Организатор и креатор е на мотивациски семинари на кои гостуваат мотивациски говорници од целиот Балкан, а прв нејзин гостин во 2017-та со кого направија заеднички мега мотивациски семинар во Скопје беше Стефан Радовиќ – мотивациски говорник од Белград, Србија. Снежана Билко ја организираше и учествуваше со свој 3 часовен мотивациски говор првата и единствена од ваков тип духовна целодневна работилница во Македонија, со најпродаваниот автор на Балканот во доменот на духовноста – Исидора Бјелица од Белград и Јована Хисмаер која е автор и личен животен тренер во Србија. Заедничката целодневна духовна работилница под наслов ,,Miracles Ladies,, се одржа во месецот декември во 2018та година.

Автор е на нејзината прва мотивациско – инспиративна книга под наслов ,,Што си ти,, која ја објави во 2017та година и на нејзината втора книга – духовниот водич ,,Пет до дванаесет,, која ја објави во 2019та година.

До сега има направено неколку мотивациски предавања и настани од хуманитарен карактер кои имаа за цел собирање на средства – донации за одредена ранлива категорија на деца и возрасни.

Снежана Билко е автор и креатор на обуката за мотивациски говорници и лични тренери според нејзината програма за личен раст и развој – ,,Трансформирај се и спознај се себеси,,. До сега успешно оваа обука ја имаат завршено неколку групи од повеќе учесници.

По барање на многумина учесници од нејзините мотивациски настани, Снежана неколку години наназад работи и индивидуално со различни возрасни групи на учесници преку индивидуални сесии според програмата ,,Трансформирај се и спознај се себеси,,. Овие индивидуални сесии се наменети за сите оние кои преферираат да работат на својот личен раст и развој индивидуално, а не во група со повеќе учесници.