Афирмирајте секојдневно

  • by

Афирмацијата може да биде желба за тоа што го немаме или потврда за тоа што го имаме. Во денешно време, многу често се зборува за афирмациите како начин за привлекување на посакуваното, но најчесто се презентира недоволно објаснет и погрешен начин на нивната употреба.

Зборот афирмација потекнува од латинскиот збор ,,affirmatio,, што значи потврда. Афирмациите најчесто го извлекуваат на површина проблемот или недостатокот на нешто или со нив се занимаваме кога го посакуваме она што го немаме.

Доколку имате партнер во вашиот живот, немате потреба да правите афирмации од типот ,,Јас имам партнер,, но доколку немате, а посакувате да го имате, тогаш ќе настојувате со помош на афирмацијата ,,имам совршен и прекрасен партнер,, да го привлечете посакуваното. Со ова вербално ќе потврдите дека го имате тоа што го посакувате. Кај афирмацијата неопходно е да се внимава на спротивната вибрација. Кога ќе кажете ,,јас сум здрав,, а ако сте болни во тој момент, длабоко во себе ќе ви одѕвонува ,,Ти си болен/болна, но сакаш да оздравиш,,. Желбата е сосема спротивна со реалната состојба и тука постои голем голем притисок. Ако ја создадете желбата и веднаш се откажете од овој притисок, многу полесно може да се случи вашата желба да биде исполнета. Затоа се смета дека е неопходно и важно да се создаде чувство како да веќе го имате она што го сакате како би го избегнале притисокот.

Да се има некаква желба, тоа значи дека одредена работа ви недостасува и ја немате. Обично луѓето не се задоволни со она што го имаат и тоа секогаш ги наведува до некои нови желби.

Додека посакувате, вие сте во состојба на една голема празнина. Желбите потекнуваат од убедувањата дека нешто кое би се случило може да ве направи среќни. Високо интелектуалните луѓе престануваат да бидат врзани со желбите. Афирмациите не се само нешто кое претставува вербален израз, па мислите дека доколку изговарате одредена реченица ќе ви се измени вашата состојба. Тоа е невозможно и поради тоа многу луѓе често се жалат дека правеле афирмации, но немале никаков ефект од нив. Првиот чекор кон успехот е да се прифати реалната состојба на вашиот живот таков каков што е во овој момент со целосно чувство на исполнетост и среќа.

Сподели искуство