Грижата е самоповредување со сопствените мисли

  • by

Дали е грижата составен дел од вашиот живот и за што ви користи. Тоа е првото прашање кое треба да си го поставите на себе. Да се грижиме за иднината или да се грижиме за минатото. Луѓето живеат во постојани грижи врзани за нивната сегашност, минато и нивната иднина. Го поминуваат животот, деновите, месеците, часовите, грижејќи се. Што добивате од вашите грижи. Одговорот ни е познат на сите нам, а тоа е ништо.

Или пак сето она кое го добивате е негативно. Креирањето на постојани негативни мисли врзани за вашиот живот се нарекува грижа. Постојаното креирање и создавање на негативни мисли ви ги создава вашите грижи. Неретко луѓето создаваат негативни мисли за некои нешта кои воопшто не се реални и кои воопшто нема ниту да се случат. Живеењето во вашето минато и живеењето во вашата иднина не ви е потребно.

Она што е потребно на секоја човекова душа е живеењето во сегашниот момент. Многу често си создавате мисли врзани за вашата иднина, каква ќе биде вашата иднина, дали ќе успеете, дали ќе можете, како ќе го изведете одредениот чекор кој се чека и се бара од вас. Грижата може да ви донесе само негативности во вашиот сопствен живот и она што е најважно на вашиот сопствен мир и спокој. Грижата ќе ви го отстрани и оној мал мир и спокој кој секојдневно си го создавате за вас, за вашата душа и никогаш нема да бидете мирни и спокојни во душата.

Мора да дојдете до едно сознание дека минатото не постои, а иднината исто така не постои, не ја гледате, иднината ви е сосема непозната. Најчесто луѓето креирајќи си секојдневни грижи живеат во минатото или во иднината. Доколку научите да живеете во сегашниот момент, во она што во овој момент го имате и го живеете, вашиот живот комплетно ќе ви се измени на подобро. Секојдневните активности ги вршите, а со вашите мисли сте или во вашето минато или во вашата иднина. Она што е повеќе од потребно е вашите мисли да бидат насочени кон она што го правите во сегашниот момент. Додека ги правите вашите секојдневни активности мислите и целиот ваш фокус во тој момент нека ви бидат насочени на она што го правите. 

Сподели искуство