Она што е љубов е сосема спротивно од она што НЕ е љубов. За да дознаете што е љубовта, најпрвин мора да спознаете и почувствувате што НЕ е љубовта. Сите знаеме дека љубовта постои, но дали сме ја виделе, дали љубовта има облик, мирис и вкус. Љубовта е најсилниот магнет во Универзумот. Се во овој Универзум се заснова на љубовта. Од љубов се раѓаме, од љубов живееме. Љубовта е наша ѕвезда водилка по нашиот пат наречен живот. Она што секојдневно не турка напред низ сите моменти на секој нов ден е љубовта. Без љубов би биле едно големо ништо во овој Свет.
Љубовта е најсилната емоција која едно човеково битие може да ја почувствува во текот на неговиот живот. И сега ми доаѓа една случка кога моето куче ми го украдоа од мојот двор. И кога ќе се сетам на целиот оној мачен пат кој го поминав неколкуте часа додека го барав, можам само да дојдам до спознание дека она што ме држеше, она што ме водеше беше чистата безусловна љубов која ја чувствував кон мојот миленик. Целата борба, целата онаа сила во мене гореше како пламен за да го најдам своето куче, а тој пламен кој гореше се викаше ЉУБОВ.
Замислете се себеси какво битие би биле доколку немате љубов, колку празни би се чувствувале во душата доколку во вас нема љубов. Што би биле ние доколку во нашата душа нема љубов. Дали воопшто би постоеле. Дали воопшто би дишеле. Љубовта е толку магична, толку силна а во истовреме и толку нежна, љубовта има моќ каква што нема ниту едно друго чувство. Моќта на љубовта е најсилната моќ која сме ја почувствувале. Кога силно љубиме имаме сила во нас да го освоиме целиот Свет. И навистина, ова го имам почувствувано безброј пати.
Секогаш кога ме водела љубовта сум била најсилното битие во тој момент, за момент помислуваме дека цел Свет е наш, се чувствуваме моќно. Понекогаш ова наше патување наречено живот ни носи најразлични моменти, случки, па и души кои ќе ни покажат што не е љубов. А за да некогаш сфатиме што е љубовта, мора да почувствуваме што не е љубовта. Сите души со кои сме се сретнале низ ова патување а кои повеќе не се дел од нашиот живот ни биле повеќе од потребни како би сфатиле што не е љубов. Она што не е љубов е сосема спротивно од се она што е љубов. Љубовта не познава калкулации, љубовта не познава љубомора, гнев, завист, омраза.
Љубовта е чиста како капка солза, љубовта е како магичен совршен волшебен цвет кој е така совршен и создаден од Бога без ниту еден недостаток. Тоа е љубовта. Што не е пак љубовта, ќе се запрашате. Љубов не е да будиш во себе чувства на љубомора. Љубомората е сосема непозната за љубовта. Таа не знае за тоа чувство. Љубовта е бескрајна, безусловна, магична и чиста. Она што сигурно не е љубов е она што го опседнува Светот последните децении. Сите неморалности, безвредности се плод на нељубов.
Овој Свет е толку испревртен што за момент ми се чини дека луѓето заборавија на највредниот и најскапоцен дар кој го имаме а тоа е љубовта. Луѓето како да заборавија што е љубов. Луѓето почнаа да ја губат љубовта, најпрвин љубовта кон себе, па потоа и кон другите. Живеејќи во ова брзо време луѓето заборавија зошто се тука, која е нивната мисија и чиј дел е нивната душа. Нивната душа е дел од Бог, а Бог е чиста безусловна љубов. Кога малку би подзастанале и би се свртеле кон себеси, ќе сфатат и увидат дека ја подзаборавиле љубовта и подзаборавиле како и зошто се дојдени овде, и зошто ја имаат привилегијата наречена живот.
Да ти е подарен животот е голема привилегија. Почнете да гледате на животот како привилегија. Љубов не е да имаш нечисти мисли кон онаа душа која е до тебе. Љубов не е да посакуваш штета некому. Љубов не е да посакуваш пакост некому. Љубов не е да имаш нетолеранција и неразбирање за другиот. Љубов не е да посакуваш некому зло. Љубов не е да го гледаш својот партнер и да правиш разновидни калкулации во својот ум. Љубов не е да посакуваш да добиеш нешто од некого. Љубовта не треба да има очекувања.
Љубовта не треба ниту да знае за зборот очекување. Таа се дава без никакви очекувања и без никакви планови, без калкулации и без претходни смислени концепти. Таа едноставно само се дава. Се дава затоа што сакаме да ја дадеме, се дава, затоа што ја имаме во нас. А секој оној кој ја има во себе, мора и да ја исфрли од себе, да ја даде на секој оној кој го среќава секојдневно. Кога едно битие би било полно со љубов а кога не би ја давало и би ја чувало за себе, тогаш чуму му е животот таков празен и сиромашен? Љубовта можете да ја дадете на секој лист на дрвјата, на секој цвет во шумата, на секоја птица на небото, на секое животно кое ќе го сретнете во текот на денот. Љубота можете да ја дадете на соседот, на продавачката во продавница, на колегите на работа, на вашите познаници. Љубовта мора да ја исфрлите од вас, не чувајте ја за себе, дадете ја на овој Свет.
Светот ќе биде побогат и поубав доколку секојдневно ја давате вашата љубов која е внатре во вас и која гори како пламен во вас. Во една прилика една душа ми кажа, не ја давај толку љубовта на сите, чувај ја за себе. Јас одговорив дека јас навистина имам премногу љубов за сите и доколку не ја дадам во тој случај јас не би била јас. Во тој случај јас не би била своја. А, јас ги учам луѓето да бидат секогаш она што се, свои, без маски и без етикети. Мојот стремеж кон кој секојдневно се стремам е да бидам чиста и безусловна љубов. Да бидам се она што е љубовта. Знам дека се е возможно и знам дека се што сакаме може да постигнеме. Јас сум чиста и безусловна љубов, посакувам целиот мој живот да останам да бидам љубов и од срце посакувам на секој оној кој ја чита оваа книга да го поттикнам и да се труди да биде љубов до крајот на својот живот. Бидете ЉУБОВ, зошто само на тој начин може целосно да ги почувствувате сите благодети на овој шарен мозаик наречен живот.