Јас сум она што си ти

  • by

…,,И кога ќе помислиш дека не сум до тебе, секогаш нека ти пролета мисла и сети се дека овој пат има некој до тебе.
Овој пат се’ е поразлично.
И не само до тебе, туку и со тебе.
Не мачи ја мислата, не се оптеретувај со претпоставки.
Што, дали и како.
Знаеш дека нас двајца овие три збора ни се непознати.
Ретко се дружиме со нив јас и ти.
Не туркај ја убавата мисла од себе. Остави ја нека продолжи да те води кон оној пат, оној сладок пополочен пат од свежи латици од стотици бели ружи, сладок пат со вкус и мирис на мед и зрели цреши разлеан со вкусови и миризби на свеж штотуку загреан цимет.
Го знаеш патот. Ти го знаеш. Само опушти ја мислата и дозволи и да те води по оној, нашиот сладок пат.
Тој е само наш.
Само ние можеме да го спознаеме, искусиме и вкусиме.
И секако да го конзумираме крајот на патот.
Предај се на емоцијата.
Не ја туркај од себе.
Остави ја, таа нека ти дошепне.
Се’ што ти треба.
Се’ што ни’ треба.
Не тргај се од убавото.
Остани во неговиот центар.
Биди ми она што јас сум ти. Остани она што јас сум ти.
Си требаме.
Ми требаш, ти требам.
Заедно сме. Во мислите.
Со телата. Взаемно сплотени.
Енергетски прегрнати.
Остави…
нека нашиот одраз ги заслепи сите околу нас и нека им ги затвори очите од убавини…нека трепкаат нашите срца две сплотени и нека чукаат во ист ритам, оти јас сум она што си ти, и ти си она што сум јас…,,

Сподели искуство