…,,Знам. И јас те чекав. Не само што те чекав, туку и ти напишав порака, многу одамна, мноогу одамна. Порака напишана од дното на ова мое срце, порака дека еден ден ќе се појавиш. Сите овие години живеев во верба дека некаде постоиш. Ти напишав порака, да. Ти напишав да ме замислиш и да ме насликаш онака како е во твојата фантазија. Нежно, полека. И да ми вдахнеш душа онаква каква тебе ти е потребна, душа која ќе те направи среќен.
Молњи, громови и трескавици во душата ми создаде твоето постоење. Овде и сега. И благодарна сум на Бога што постоиш. Што те најдов. Што ме најде. Што се најдовме. Што се препознавме.
Лажни љубови. Лажни души облечени во човечка форма.
Се уморив. И уморна бев. Се уморив од копнежот и желбата да те најдам. Се предадов. И се откажав. Си помислив, во ред, можеби и не постоиш. Можеби оваа желба нема да ми се оствари, и се помирив. Не се бунев. Затоа што знаев дека се е онака како што треба да биде и се ќе биде онака како што треба да биде.
И да не треба да те имам, си реков, ќе живеам со таа дупка и празнина во душава. Довека. Додека треба.
И кога се предадов, кога се откажав од желбата и пламенот кој гореше во мене, тогаш ми стигна порака, порака од Универзумот, порака која ми кажа, пробај уште овој пат. Обиди се да си ја вратиш вербата. И се тргнав од се. И од сите. Си заминав од целиот свет. И кога донесов одлука да заминам, некој и нешто ме врати. Ми кажа, чекај, застани, има некој кој ќе ти прати порака. И пораката стигна.
Потоа повторно станав исправено и гордо и реков, во ред, тогаш ќе се обидам уште еднаш.
Те видов на сон. Го почувствував мирисот твој. Го почувствував допирот твој. И сега знам каков е. Се знам. Иако не сме се виделе. Се разбудив и се прашував што е ова што се случува, но се обидував да останам смирена.
Срцето ми чукаше чудно, прескокнуваше, дишењето ми беше се позабрзано. Што е ова што ми се случува си помислив. Мислите ми беа во еден целосен хаос. Почнав да заборавам. Почнав да се губам полека во водите на магичната и слатка емоција наречена љубов. Љубовни емоции ми го обзедоа цело тело. Душата ми пулсираше љубов. Но, јас ова чувство сум го заборавила. Како да се соочам со него. Се прашував. Живеев во надеж и верба дека еден ден ќе те најдам. Дека некој ќе не спои. Но, дали треба, дали заслужувам, дали е така правилно или не? Постојано во мене се будеа нови прашања.
Дали имам право на тоа?
Оставив на Бога. Нека биде по Твојата волја си велев. И не очекував и не живеев во очекувања, затоа што научив дека тие често пати ме носеа до лажни души од кои бев многу изморена. Душата ми беше колабирана од трагање и мислење дали треба и дали заслужувам.
Но, некој можеби имал план за мене, за тебе, за нас. Некој за кој времето е само чиста илузија.
Знам дека се соочуваш со страв. И јас се плашам. Се плашам од помислата дека се соочуваме со перфекција и совршенствво создадено од врвната интелегенција. Збунета сум и јас, не грижи се.
И сакав да ме љубиш како во песната, и сакав да ме насликаш во твојата фантазија точно онака како што ти сакаш. И ти пратив порака без да знам кој си каков си и каде си. Но, сега знам дека некој ја слушна. Некој ме љубел. Некој не љубел. И години поминаа, и лажни љубови допреа до нас, и надежта не напушти и вербата ја исфрливме од нас.
Но, ете сме сега повторно родени. Новородени. Со нова надеж, нова верба, и нова сила за се што ни следи.
Знам, и јас сум збунета. Знам и јас цела треперам.
Знам, не е лесно.
Но, постои нешто што се вика Божја волја, знаеш.
Кога некој ќе ги намести нештата онака како што треба да бидат, тогаш како и каде ќе избегаме? Од кого ќе бегаме? Од нас самите? Нема да можеме. Колку и да посакуваме. Стравот не обзема. Стравот од непознатото. Стравот од толкуте убавини кои не чекаат.
Но, стравот ние можеме и да го надвладееме ако сакаме. А дали сакаме и што сакаме?
И еве свири Шостакович и повторно ми трепери срцето и повторно ме облеаа љубовни емоции кои сум заборавила дека воопшто постојат.
Декември е мој месец. Декември е наш месец. Наскоро доаѓа Нова Година. Моменти на радост, среќа и многу лампиони и украси во нашите души.
Се сеќавам на ланскиот декември. Тажен. Многу тажен.
Знам, и јас се плашам. Знам.
И да, и јас сум изморена. И да, и јас не знам ништо.
Дали сега откако ме нацрта онаква каква што ти сакаш, дозволи ми да влезам во твојот живот и раните да ти ги зацелам.
Ме прашуваш како знам и од каде.
Се насмевнувам срамежливо и скромно.
Па, јас само ги следев знаците на патот и сите синхроницитети. И не се противев, верував дека некаде постоиш. Не знаев ниту како изгледаш, ниту како се викаш, ниту што работиш, ниту каде живееш. Само верував длабоко дека ПОСТОИШ НЕКАДЕ.
И еве сега оди Спринг Валц на Шопен, и ми вдахнува пролетни љубовни емоции. Секој ден ја слушав, но, сама. И мечтаев да те најдам. Мечтаев дека постоиш. Некаде. Некогаш. Негде.
И да, допираш до мене и во мене и без да ме допреш, а тоа мене навистина знае длабоко да ме допре.
Ти благодарам што постоиш, и не се обидувам да живеам во никакви очекувања, ниту пак сакам да го минувам животот така. Само посакав да ти кажам, да ти се обратам преку писмо, да ми олесни на душата. И да знаеш. Колку ми е душата изморена. Изморена од надежта и вербата.
И да. Ти си мое огледало. Но, и јас твое. И ќе се гледам во одразот твој како ти во мојот.
Чуда постојат и им се случуваат само на оние кои веруваат во нив. А јас како душа која е половина дете, а половина возрасна старица, целиот свој живот го поминав во огромна верба дека чуда навистина постојат. Не обични чуда. Божји чуда да.
И да. Некој одгоре гледа се. Сега ми е јасно.
Те љубам неизмерно, те љубам бескрајно, и се радувам на нашето заедничко новораѓање и воскреснување.
Твоја,
Вера