Мојата борба со сомнежот, стравот и вербата

  • by

Уверението креира. Во она што си уверен тоа и ќе се манифестира. Но, секогаш постои ,,но,, зар не?  Збор мал само со две букви а толку прави проблеми. Ах… Човечкото битие живее во страв, во безброј сомнежи притоа знаејќи дека уверенијата креираат. Да, навистина е така, но, како да верувам 100% на она уверение кое сакам да си го поставам во умот? Некој ќе ви рече лесно е. Не, лесно не е ни најмалку, но сепак е изводливо! Ох, какво просветлување!

Да, борбата со мислите е најтешка. Кога креираш позитивни мисли и уверенија дека се ќе биде и всушност се е во ред, наеднаш ви тропа сомнежот на врата во вашиот ум и ви вели, тоа не е возможно, тоа не е реално. Но, што е реално? Веднаш по пат на автоматизам се прашувате, а што е всушност реално? Дали моето тело е реално? Не е. Твоето тело се менува. Ти не си истиот оној кој си бил како дете. Значи реално е она што не се менува. А што не се менува? Душата. А што е душата? Твојата есенција на твоето битие. Слушај го своето рацио. Но, како, кога јас сум креатор, јас сум тој кој креира, јас знам дека треба да верувам во чуда, затоа што и на луѓето им викам дека чуда се случуваат само на оние кои веруваат во истите.

Но, ти си креатор на својот живот! Повторно позитивниот нежен оптимистичен глас, вашето духовно јас ви дошепнува! Верувај, само цврсто верувај! Сети се дека доколку имаш верба колку синапово зрно, можеш да поместиш и планини. Ух, на луѓето им е најтешко целосно да веруваат. Ух, па некои и ги виделе чудата на Исус со свои очи па не верувале, мислеле дека е измамник. Ете, во ред, така е, јас верувам, но, ете го повторно сомнежот и стравот ја потиснуваат вербата.

Но, како да ги победам? Ќе ги победиш доколку одлучиш дека со нив повеќе нема да соработуваш! Ох, да! Во ред! Носам одлука, ги бркам, им викам на силен глас, пуштам крик, одлепете се од моево битие и одете си некаде далеку никогаш повеќе да не ве почувствувам. И така се бориш.

Внатре во себе. Внатре со себе. Милиони мисли…не педесет илјади дневно, туку двестепедесет илјади…

Дали јас навистина сум креатор или пак постои Божја Волја? Хм…Дилема најголема. Размислувам….мислам…Но, доколку сум јас креатор тогаш ќе се одвива се по мојата волја, но јас не сум Бог. Јас сум дел од него, неговата душа, неговиот дух, неговата духовна ДНК и енергија е врежана во секој од нас, но јас не сум Бог. Бог е Творецот. На се видливо и невидливо. На се на небо и на земја. Нека биде по волјата ТВОЈА се молиме на Бог. Значи во ред, јас се молам на Бог да биде по волјата негова, а сепак моето уверение креира со самото тоа што верувам силно дека ќе биде добро. Не само што верувам, јас ЗНАМ дека ќе биде се добро. И така до недоглед се борев во себе со убедувањата што креираат, вербата, стравот и сомнежот.

Повторно размислувам.

Но, волјата да биде моја или Господова?

Се прашувам повторно… И така полека, нежно и срамежливо излегува сонцето, се буди новиот ден а прашањата во мојата глава се повторуваат.

Сепак, Бог е оној кој е создател, тој е творецот. Тој е оној кој е најголемиот човекољубец….Хм…

Да, да, да, БОГ!!!

Оној кој создаде се што е околу нас.

Оној кој не создаде мене и тебе.

Каде го насочуваш фокусот таму оди и енергијата. Но, сепак Бог е оној кој пресекува. Тој е оној кој ја вади последната карта од шпилот. Мхм, Тој, да.

Кога конечно зајде сонцето далеку се спушти надолу позади планините, јас знам, доаѓам до сознание кое ми го менува целиот мој животен пат!

Нека биде волјата ТВОЈА, но јас сепак ќе се трудам моите уверенија да ги насочам кон позитивен исход, а сепак ти ја фрлаш последната карта!

Конечно се договоривме.

Верувам во Твојата волја и знам дека правиш се да биде токму онака како што треба да биде. Впрочем, се е онака како што треба да биде.

Не е лесна оваа борба. И секој кој ве уверува дека се учи школо за оваа борба ве лаже. Не се учи. Не постои курс никаков. За жал. Се учи само со пракса.

Во ред, рациото, стравот и сомнежот ве тераат да излезете од колосек да пцуете, да го мрзите цел свет, но она што е најважно е да го победите рациото и да ВЕРУВАТЕ ЦЕЛОСНО ВО НЕВОЗМОЖНИ НЕШТА!

НО, КАКО ДА СЕ ВОЗДРЖАМ КОГА ВО МЕНЕ И МОЈАТА ДУША ИМА БУРА, ВУЛКАН КОЈ ГОРИ И ПРЕТЕКУВА ОД СИТЕ СТРАНИ?

,,Бори се,, – ми шепка моето духовно јас, па ти тоа го предаваш, па ти на тоа ги учиш луѓето? Но…како да го изгаснам вулканов? Се знам…но како да го спроведам на дело?

Лесно е, викаат. ТЕ ЛАЖАТ! НЕ Е ЛЕСНО!

 Го спроведов…не знам како, рецептот сеуште не го знам, но ќе го откријам ветувам…и стравот и сомнежот ја изгубија борбата со мене! Излегов исправено на ринг со голем остар меч во рака кренат нагоре, уште поспремна за сите предизвици и искушенија кои треба да ги помине мојата душа. Знам дека сето тоа е со намера за постигнување уште поголема духовна зрелост и уште поголема експанзија во мојот духовен развој.

Се е токму онака како треба да биде.

Се ќе биде онака како што треба да биде.

Можам да се сомневам во се, но во Божјите планови никогаш! Тие ни се непознати. И не треба да ни се познати. А кога би ни биле познати животот не би ни бил толку магичен зар не?

СЛАВА МУ НА БОГА, МЕЃУ ЛУЃЕТО МИР И ДОБРА ВОЛЈА, АМИН.

П.С. Искрено не знам што се напишав, но бидете сигурни дека сама јас ова не го напишав, туку ,,некој,, и ,,нешто,, ме водеше.,,

Сподели искуство