На егото духовното му е непознато

  • by

Сигурно во текот на вашиот живот барем еднаш сте ја слушнале реченицата ,,Јас немам его,,. Сите луѓе имаат его и сите души во текот на својот живот правеле одредени постапки, носеле одлуки водени од нивното его. Секое свесно и духовно разбудено битие може да го препознае своето его и да делува на негово намалување. Секоја човекова душа има его, а егото е ништо друго освен концепт, мисла, идеја. За егото, духовното е сосема непознато.

Водени од вашето его, се обидувате што повеќе да добивате, да творите, да создавате пред се` материјални нешта. Доколку не работите на намалување на вашето его, може да постигнете една духовна состојба каде ќе се изгубите себеси, а се она што е духовно ќе ви стане многу далечно и сосема непознато. Според егото, нашето постоење е ограничено само врз основ на вашите пет физички сетила. Егото ве оддалечува од Бог, од Креаторот, од Создателот, од духовноста. 

Егото може исто така и да се дефинира како преголема гордост на самите себе. За да работите на вашето его, најпотребно е првично да препознаете кога од вас говори вашето его. Кога ќе почувствувате потреба одвнатре да упатите критика или пак во најлош случај навреда кон некој друг, тоа значи дека од вас говори вашето его. Тоа не е вашата душа, тоа не е вашата есенција, тоа не сте вие, туку тоа е вашето его.

За почеток, најдобро е да препознаете кога од вас говори вашето его. Егото ви создава еден лажен или пак искривен концепт и една мисла дека вие сте најдобри, вие сте најуспешни вие сте подобри од останатите. Кога и да ви се создаде чувство на осуда кон другите, исто така бидете свесни дека од вас говори вашето его. Доколку сакате да станете свесно и разбудено битие, битие кое работи на својот личен раст и развој потребно е да го намалите или редуцирате вашето его. 

За редуцирање на вашето его потребно е да ги исфрлите овие неколку нешта од вашето секојдневие: да не се величите самите себеси директно или индиректно пред останатите, не се обидувајте да бидете центар на внимание, не се фалете за вашите направени добри дела, не го покажувајте или не го потенцирајте вашето супериорно знаење или познавање во одредена област, не се обидувајте да делувате на другите за да ви даваат комплименти, не обидувајте се да ги правите останатите души помали или пак поневредни од вас за вие да бидете поголеми и повредни.

Не се фалете со се` она што го поседувате материјално или духовно, не користете ја вашата мудрост за да импресионирате некого. Не го користете вашиот добар надворешен физички изглед за да импресионирате некој друг. Не ги озборувајте останатите души и не делувајте на другите дека сте премногу зафатени. Овие неколку нешта ќе ви помогнат да го намалите вашето его, а секој оној кој се смета себеси за свесно битие и кој сака да делува во овој живот како свесно битие, повеќе од потребно е да работи на намалување на неговото его.

Сподели искуство