Не чекајте спасител, спасителот сте вие

  • by

Треба да имате во предвид дека приказните околу принцот на бел коњ се само приказни кои се измислени за да се развие фантазијата кај малите деца. Она на што секогаш се потпира една повредена душа е надежта дека ќе дојде принцот и ќе ја спаси. Секоја повредена душа чека спасение од некој друг, од нешто. Не чекајте никого, спасител немате, спасителот и принцот на белиот коњ сте самите вие. Ова спознание ми го промени целиот мој живот.

Се додека чекав некого и нешто да ме спаси, никогаш не успевав да се искачам од ниту еден мој духовен пад. Секогаш во сите мои тешки моменти длабоко во себе се надевав дека за мое спасение потребно е да се појави некоја личност или да се создадат одредени нови услови на живеење кои ќе бидат мојот спасител. Ме водеше мислата и надежта дека јас не сум сама, дека за мене некој друг ќе го направи моето искачување.

И поминуваше времето, принцот и спасителот никогаш не се појавија, па оттука дојдов и до ова спознание за кое ви говорам. Луѓето се потпираат секогаш на нешто или некои други, а не сфаќаат дека се` е во нив. Спасителот кој го чекате сте вие, побарајте му помош и дозволете му да ви помогне и да ве спаси. Потребно е да научите да седите сами на столицата. За да седите на столица не ви е потребен потпирач на истата. Можете да седите и без потпирач. Многу души запаѓаат во депресивни и анксиозни состојби токму поради оваа причина, поради тоа што секогаш чекаат да бидат спасени од нешто и некого.

Кога ќе научите и кога ќе го освестите моментот дека сами можете се`, само тогаш ќе бидете спасени. Никој не ви е потребен за вашата сопствена среќа, никој и ништо. Вие сте си потребни сами на себеси. Само оној човек кој ќе научи и кој ќе умее да се справи со самотијата во смисла да биде сам со себе, само тој ќе биде спасен. За сите овие зборови кои ги пишувам навистина ми требаше да изодам долг и макотрпен пат проткаен со многу надеж дека еден ден ќе бидам спасена од некого.

Незадоволството кај човекот произлегува од осаменоста, од самотијата, кога верува во едно искреирано сам од себе убедување и сценарио дека за да биде задоволен му е потребен некој друг. Но, верувајте ми, дека можете да бидете задоволни и среќни без ниту еден човек до вас и со вас. И само кога ова ќе го искусите ќе бидете духовно спасени и воедно ќе доживеете будење на вашата свест,  духовно ќе се осознаете. 

Сподели искуство