Не мислете на она што го немате

  • by

Живеењето во постојани мисли што се` немате и зошто тоа што го сакате го немате е навистина погубно за вас и вашата душа. Она каде најчесто луѓето се фокусираат е на работите кои ги немаат. Немам одредени материјални нешта, немам доволно финансии, немам добро здравје, немам соодветен партнер, немам убава работа и така, безброј немам. Луѓето го живеат животот со бесконични ,,немам,, мисли, несвесни што се` таквите мисли можат да им донесат во нивните животи.

Најчесто оние мисли кои луѓето ги создаваат пред да заспијат се мисли кои започнуваат со зборот ,,немам,,. Кога на Универзумот му кажувате дека немате, тој ќе ви создава комплетно иста реалност и ќе сведочите на реалност со многу ,,немам,, во вашиот живот. Колку пати сте создале мисли пред да заспиете навечер со она што го имате? Колку пати сте ги насочиле вашите мисли на она што го имате, а не на она што го немате?

Бидете свесни дека секоја човекова душа може да живее реалност со многу мисли искреирани со зборот ,,немам,,. Се фокусирате на она што го немате, а не на она што го имате. Запрашајте се што се имате во овој момент, додека ја читате оваа книга и ќе забележите дека имате навистина премногу нешта за кои може да креирате мисли со ,,имам,, наместо со ,,немам,,.  Обидете се да не си креирате мисли кои ќе ви создадат едно лошо чувство чувство на демотивираност и чувство на неисполнетост.

Секогаш на моите семинари им велам на луѓето дека доколку почнам да ви раскажувам што се`немам, никогаш немаше да стигнам до сите мои зацртани цели. Верувајте дека можам да напишам уште една книга со работи кои јас во овој момент ги немам. Како јас, така и секоја човекова душа, без разлика на неговата реалност може да каже безброј ,,немам,,. Со самата ваша вибрација на ,,немам,, привлекувате уште многу нешта кои ќе ги немате во иднина. Затоа, бидете задоволни на се`она кое го имате, и вашите мисли нека бидат насочени на она што го имате. Kажувајќи и жалејќи се секој ден на она што го немате, ќе живеете бесконечно во еден маѓепсан круг кој повторно и повторно ќе ви ја сервира истата реалност. 

Сподели искуство