Очекувања…

  • by

Она каде што луѓето најчесто и најмногу грешат е фактот што имаат очекувања. Очекувања за некоја нивна замислена слика која во иднина сакаат и треба да ја живеат. Очекувањата мене во мојот личен живот ме однесоа до дното. Иницијалната каписла на сите мои духовни паѓања беа безбројните очекувања кои ги имав создадено во себе, очекувања за некоја светла и убава иднина која сакав да ми стане реалност. Многу често при работа со моите клиенти доаѓам до заклучок дека тие од се имаат очекувања, сметаат дека очекувањата треба да ги водат и секогаш тоа е главниот проблем за нивната лоша моментална духовна состојба. Да имаш очекувања значи дека не се помируваш со ништо друго во животот, да имаш очекувања значи дека мора да испадне онака како што си наумил во свјата глава. Но, знаеме дека животот многу пати не е настроен толку силно кон нас и многу често овие очекувања паѓаат во вода. Да имаш очекувања значи да живееш во илузии кои ќе ти создадат едно лажно чувство на моментален духовен мир и спокој. Јас научив многу нешта, но она кое во моментот ме асоцира на зборот очекувања е зборот духовен колапс. Кога нема да ви се остварат вашите очекувања вашата душа може да доживее толку длабок пад што после тој пад шансите за станување и исправување се многу мали. Најчесто луѓето влегуваат во љубовни односи па потоа имаат очекувања од нивните избрани партнери. Очекувања дека тој ќе биде онаков каков тие го замислиле во нивната глава и никаков поинаку. Да го поминете овој живот во безброј очекувања е навистина ризично за вашата душа. Овој живот живејте го во моментот сега, без никакви очекувања. И сега можеби ќе се прашате, но како јас да си создадам визија и слика за мојата иднина каква ќе биде доколку немам очекувања? Сосема две различни нешта се да бидете сами креатори на она што сакате да го манифестирате и живеете без никакви очекувања живеејќи го секој миг, а сосема е различно кога нешто правите па имате очекувања од исходот. Се досега што имам создадено и искреирано било без ниту едно очекување. Очекувањето е за мене и мојата душа сосема непознато чувство. Научив да го живеам секој миг без ниту едно очекување од понатамошниот исход. Доколку почнете нова љубовна врска не го опседнувајте вашиот ум и вашето срце со безброј очекувања од истата. Оставете, нека тече моментот и нека биде онака како што Универзумот сака да биде. Вие не сте сами. Никогаш не сте сами. Има некој кој се грижи за вас и кој ги знае сите ваши секојдневни мисли, грижи и предизвици кои ги живеете. Пуштете, нека биде се онака како што треба да биде, затоа што она кое го живеете во овој момент е токму онака како што треба да биде и вие сте на оној пат на кој што треба да бидете. Можеби не сте задоволни од сето она кое ви е моментална реалност, но имајте го на ум фактот дека се е токму онака како треба да биде и вие сте онаму каде што треба да бидете, ни помалку, ни повеќе, токму онолку колку што треба и токму онаму каде што треба. Кога ќе си ја отворите вашата душа и вашето срце, тогаш ќе се препуштите на Креаторот, препуштете му нему, тој знае што е најдобро за вас. Доколку некоја ваша желба не ви се изреализирала до овој момент, оставете, тоа не е случајно. Креаторот ви подготвува нешто уште поголемо од она кое ви е во овој момент ваша желба. За да размислувате на овој начин и за да го отворите вашиот ум и вашето срце потребно е да верувате. Да верувате на оној кој ве создал. Да верувате безрезервно и бескрајно дека се е онака како што треба да биде. Оние нешта кои сум ги посакала а до сега не ми се манифестирале знам и цврсто сум убедена дека не се случиле поради некоја друга причина. Не се случиле затоа што доколку тие се случеле немало да се случи нешто многу поголемо. Никогаш не очајувајте, секогаш нека гори жарот на вербата во вас и никогаш не дозволувајте да ве напушти вашата верба. Заблагодарете се на целата онаа ваша реалност која во моментов ја живеете и продолжете понатаму. Не заборовајте, животот е непредвидливо магично патување, а не страдање, верувајте во Креаторот и оставете тој да ги води работите да бидат онака како што е неговата волја. Тој е оној кој ве љуби безрезервно како татко што си го љуби својот син и како мајка која го љуби своето чедо. Секогаш имајте на ум дека тој ви подготвува нешто поголемо и помагично. Ослободете се од сите ваши очекувања и оставете нека тече вашиот живот. Заборавете го и исфрлете го овој збор од ваша употреба и живејте го моментот без никакви очекувања.

Сподели искуство